05.07.2022
Почетна / Градина / Хортикултура / Внесете малку егзотика во вашиот двор: Таа е исклучително погодна за тераси и балкони, а доста често се користи за уредување на покривите

Внесете малку егзотика во вашиот двор: Таа е исклучително погодна за тераси и балкони, а доста често се користи за уредување на покривите

Пампас тревата е една од помалку познатите декоративни растенија што се користат во уредувањето. Пампаската трева е еден од најубавите и ефектни претставници на декоративните тревни растенија. Исклучително погодна е за тераси и балкони, доста често се користи за уредување на покривите, како и непроменлив учесник во дизајнот на внатрешниот двор. Една од најинтересните нејзините карактеристики е дека формира даоста интересна позадина и многу добро се комбинира со светло обоени цвеќиња. Пампаската трева може да се користи и самостојно како еден убав акцент, благодарение на своите ефектни метлици.

Cortaderia selloana е едно тревно растение за кое е карактеристично дека расте со главата напред нагоре. Цветовите се собрани во метлици. Пампаската трева цвета обично помеѓу месец август и септември, како периодот на цветање зависи од видот или сортата на растението.

Димензиите на пампаската трева може да достигне од 50 до 250 см.

Важен услов за неа да се чувствува добро е да се обезбеди сончево и топло место.

Треба да знаеме дека таа бара редовно наводнување, но и да ја имаме во предвид чувствителноста кон преголемата влага на почвата.

Внесете малку егзотика во вашиот двор. Ова егзотично растение може да го најдете во Градинарскиот центар ФОЈА.

Види

Ако сте од љубителите на егзотичните цвеќиња – Кој е цветот на страста?!

Ако сте од љубителите на егзотичните цвеќиња, пасифлората е токму за вас. Различна и убава …