29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Владата донесе дополнителна субвенција од 400 денари за предадено јагне

Владата донесе дополнителна субвенција од 400 денари за предадено јагне

Владата на последната седница донесе одлука за нова дополнителна субвенција за одгледувачите на овци. Дополнителната субвенција е за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет и е во висина од 400 денари по грло. Оваа дополнителна субвенција се носи поради проблемите со висината на цената на јагнето која што ја имаа одгледувачите на овци.

За да се намалат загубите на одгледувачите на овци Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи да воведе нова дополнителна подмерка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари по грло.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на овци и корисници на подмерката 2.7 и кои имаат предадено јагне во регистрирани кланични капацитети во период од 1-ви јануари 2019 година до 30 -ти јуни 2019 година.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …