Почетна / Градина / Вкусната и слатка смоква е симболот на македонското овошје

Вкусната и слатка смоква е симболот на македонското овошје

Вкусната и слатка смоква е едно од најстарите овошја во кои уживале луѓето. Смоквата е природно богата со голем број хранливи фито-материи, витамини и антиоксиданси корисни за здравјето. Сувите смокви претставуваат концентриран извор на витамини и минерали. Целосно узреаната смоква има форма на ѕвоно или крушковидна форма и сочно месо.

Смоквата е овошје кое содржи и до 80% вода, а исто така содржи и најмногу шеќери во себе што го прави овошје кое обезбедува многу енергија која ја потикнува работата на мозокот, концентрацијата и помнењето. Па со оглед на тоа, можеме слободно да заклучиме дека смоквата е омилено овошје на мозокот.

Смоквата е овошје кое е подеднакво вкусно и здраво, свежо или сушено. Античките народи го сметале за свето овошје, го одгледувале и го конзумирале редовно. Стручњаците нагласуваат дека смоквата е овошје кое доколку редовно се користи делува успешно и на намалување на количеството на холестеролот и триглицеридите во крвта.

Во античките периоди биле познати околу 30 видови на смокви, додека денес се познати повеќе од 600, сите подеднакво, вкусни и здрави. Просечно во 100 г смоква се содржат следните елементи:

– Витамин А……………….142 мг.
– Витамин Ц………………. 2 мг.
– Витамин Е………………. 1 мг.
– Витамин Б6………….0,113 мг.
– Магнезиум…………….. 17 мг.
– Калциум………………… 35 мг.
– Калиум…………………..232 мг.
– Фосфор…………………. 14мг.
– Железо………………..0,400мг.

Ботанички, смоквите припаѓаат во фамилијата moraceae од родот ficus. Научното име на смоквата е ficus carica.

За татковина на смоквата се смета југоисточна Мала Азија, односно земјите од источното Средоземје. Од каде што е распространета првенствено во пределите си медитеранска клима. Билката најубаво успева во топлите краишта, во близина не мора, но може да се одгледува и во континентаните предели. Поради тенката кора, таа е осетлива на ниска температура.

Растението смоква е дрво кое потекнува од умерената клима во Мала Азија (денешна Турција), а денес се одгледува на повеќе места, главно во источниот медитерански регион, Шпанија и САД. Исто така се одгледува и како овошно дрво во многу домашни градини и дворови насекаде низ светот. Во секоја сезона, двапати годишно, ова дрво раѓа стотици плодови со крушковидна форма, кои варираат според големината и бојата.

Богатиот хемиски состав условува висока хранлива вредност на ова овошје.Плодовите од неа се употребуваат во свежа и преработена состојба. Погодни се и за сушење. Тие се ценат како хранливо и диетално средство за регулирање на активностите на дигестивниот систем и при кардиоваскуларни заболувања.

Листовите од смоквата се препорачуваат при дијарејата, дизинтерија, кашлица, болки во стомакот и цревата. Надворешно се користи за нанесување на рани и чирови на кожата, против првут и исто така го чисти и заздравува епидермисот, потоа служи за гаргара- призабоболка и болно грло.

Види

Растението кое со мирисот ви дава подобра меморија

Испитите на универзитетите се се поблиску, а универзитетските истражувачи велат дека мирисот на рузмарин може …