20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Вкупното производство на месо зголемено, a намалување на производството на кравјо млеко, овчото и козјото млеко

Вкупното производство на месо зголемено, a намалување на производството на кравјо млеко, овчото и козјото млеко

Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2017 година изнесува 394 140 илјади литри, што е за 2.2 % помалку во однос на 2016 година.

Намалување на производството во 2017 година е забележано кај овчото млеко за 13.9 % и кај козјото млеко за 0.4 % во однос на претходната година.

Вкупното производство на месо е зголемено за 4.0 %, а производството на овчо месо е намалено за 8.4 % во однос на претходната година. Производството на другите видови месо во однос на претходната година е зголемено.

Од другите добиточни производи, во 2017, во однос на 2016 година, забележано е зголемено производство на јајца и на волна.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …