29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Вкупниот број на говеда е намален за 15.0% во нашата земја

Вкупниот број на говеда е намален за 15.0% во нашата земја

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, во споредба со 2018, вкупниот број на говеда е намален за 15.0%. Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 15.1%, додека бројот на говедата кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е намален за 10.4%.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2019 година, во споредба со 2018 година, е намален за 59.5%, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 14.6%.

Намалување на бројот на овците е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства за 4.9%, а кај деловните субјекти бројот на овци е намален за 42.6%.

Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 25.1%, а кај деловните субјекти за 44.2%.

Бројот на живината во 2019 година, во споредба со претходната година, е намален за 14.6%.

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …