20.04.2024
Почетна / Градина / Вистинска пустинска убавица: Nolina Beaucarnea

Вистинска пустинска убавица: Nolina Beaucarnea

Собно растение по потекло од Мексико (семејство Агаве). Секој примерок на ова растение се одликува со силна индивидуалност.

Ова се однесува особено за формата на стеблото, која е во форма на шише, служи за собирање на влага во сувите периоди, бидејќи нолината е жител на пустината и сувите области. Достигнува висина од 1,8 метри.

Лисјата во основата му се зимзелени, издолжени, широки околу 2,5 см.

Во природата нолината е необично дрво, достигнувајќи височина од 4-10 метри, но во затворен услови обично достигнува само до еден метар, расте многу бавно. Под поволни услови, на пример во зимска градина, може да растат до два метри и половина.

Нолината поднесува добро и полусенкасти места, на 3-4 метри од прозорецот, но на посветла и сончево место расте подобро и создава повеќе бујна и густа лисна маса. Листовите можат да достигнат должина до 60 см. При недоволна светлина стеблото се искривува. Во текот на летото може да се стави на отворено на свеж воздух – на балконот или во градината.

Поволна температура во лето е 18-20 степени, а во зима претпочита светло и ладовина, со температура до 15 степени, но не пониска од 10 степени.

Се полева во текот на целата година, но поретко, еднаш на 5-7 дена. Наводнувањето зависи од температурата на воздухот. За нолината преголемото наводнување е попасно отколку сушата – при прекумерна влага ќе изгние коренот и ќе се разболи од габични заболувања. Ако светлината е мала, а наводнување често, стеблото на растението се извлекува во висина и не го формира карактеристичниот изглед на шише. За да не се сушат краевите на листовите, треба да се распрскаат со вода. И наводнувањето и прскањето се прави со топла вода.

Се храни ретко, во пролет и лето, еднаш во месецот (од мај до октомври) со универзални течни ѓубрива или со ѓубриво за кактуси. Ако нолината е купена во мал сад за транспорт, треба да се пресади после 2-3 недели. Обично се пресадува еднаш на 2-3 години во широк и плиток сад со добра дренажа. Возрасните растенија се пресадуваат еднаш на 5 години во керамичка саксија, повторно со добра дренажа.

Се размножува со семе (многу тешко, затоа што убаво растение ќе се добие по околу 10 години), или со странично разгранување, израснато од главното стебло, во пролет или лето. Стеблата по сечењето треба да се исушат за 12 часа, по што се вкоренуваат во почва на висока воздушна влажност и температура од околу 25 степени.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …