18.04.2024
Почетна / Градина / Вистерија: Дрвото што разубавува многу дворови

Вистерија: Дрвото што разубавува многу дворови

Татковината на ова раскошно дрво познато и по иметo Глиценија се Јапонија и Кина.

Вистеријата – „Wisteria“ е од семејството на гравовите (Fabaceae-поранешното Leguminoseae) растение.

Наречена е во чест на професорот по анатомија на Пенсилванскиот Американски Универзитет Каспар Вистер – „Caspar Wistar“ (1761-1818).

Стеблата му достигнуваат должина од 10 метри.

Цвета во мај – јуни, во форма на грозје со најчесто бела или виолетова боја.

Достигнува должина до 30 см. Издржува високи температури во текот на летото, како и заладување и суши. Не преполeваjте! Добро е лисјата да се прскаат во текот на летото и да се храни во периодот на цветање, еднаш во неделата.

Пресадувањето може да се одвива на неколку години, доколку ја чуваме во саксија. Вистеријата се развива најмногу – добро на сонце или полусенка. Бара богата, добро отцедена се почва.

Во текот на зимата температурата во просторијата во која го чуваме, не треба да паѓа под 6 степени. Во пролетта се изнезува надвор.

Се размножува со семе или стеблени резници, на почетокот на пролетта. Одлична е за уредување на летниковци, огради, балкони.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …