14.06.2024
Почетна / Градина / Вести / Висечките градини во Вавилон

Висечките градини во Вавилон

Набуходоносор наредил во близината на неговата палата да се подигнат возвишенија од камења, да им се даде облик на ридови и да се засадат со разновидни дрвја.

По желбата на својата сопруга која потекнувала од Медија засадил една од таквите градини какви што во татковината на неговата жена биле вообичаени.

Кога еврејскиот писател Флавие ( 37 – 100 година п.н.е. ) ги опишувал градините, мислел на славните семирамидни висечки градини.

Писателите од стариот век ја прикажуваат Семирамида како жена надарена со божествена моќ. Но, таа не била сопруга на Набуходоносор.

Очигледно легендарната Семирамидна фигура била доведена подоцна во врска со градините на сопругата на Набуходоносор. Не би смеела да се сомнева повеќе во тоа дека градител на градините бил Вавилонскиот крал.

Кога германскиот археолог Роберт Колдевеј почнал со ископување на Вавилон во 1819 година во североисточниот дел на јужниот дворец пронашол градба со длабок бунар како во античките описи. Уверувањето на Колдевеј било дека се наоѓа пред темелите на Висечките градини, кое што до денес сеуште никој не го оспорил.

Во секој случај не станувало збор за буквално висечки градини, терминот веројатно настанал поради грешка во преводот бидејќи латинскиот збор pensilis кој навистина го има ова значење, може да се преведе и како терасест. Градините на Вавилон цветале на спирално тересастата градба која се издигнувала во висината, на некој начин градина под кров која морала вештачки да биде наводнувана.

Оваа цветна оаза во пустинската клима на Вавилон привлекувала внимание. Зарем не би било логично славната Вавилонска кула да биде прогласена за светско чудо. Кога Александар Велики дошол во Вавилон, легендарната кула веќе била пропадната, а прва на листата на чуда била дури 200 години подоцна.

Види

Што да направите ако лисјата на вашето растение пожолтуваат?!

Секој кој чува растенија дома знае дека тоа бара одредена грижа. Како и да е, …