25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Викенд временска прогноза: Какво време не очекува?!

Викенд временска прогноза: Какво време не очекува?!

Над средоземјето започна формирањето на новата ЦИКЛОНСКА активност, што е веќе на пат кон подрачјето на Балканскиот Полуостров, па така и кон нашата Македонија.

Во такви околности времето во Македонија за денешниот ден (петок) ќе преовладува променливо облачно со можни локално сончеви периоди, повеќе облачност секако на запад каде што не се исклучува можноста за локален дожд, а на планините снег.

Меѓутоа како последица на веќе спомнатиот циклон, во доцните вечерни часови од запад ќе започне по развиено да се наоблачува, што ќе резултира со нов дополнителен бран на врнежи. Во текот на ноќта према сабота со врнежи од дожд би требало да бидат зафатени повеќе делови на Македонија, на пониските места од дожд, додека на планините од снег. Во сабота нашето подрачје ќе биде под дејство на ЦИКЛОНСКА активност што во поголем дел од земјава ќе услови врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално врнежите се очекуваат да бидат и ОБИЛНИ, според сегашните податоци многу повеќе врнежи би имале во првата половина од саботниот ден, за во текот на понатамошните попладневни часови овој бран на врнежи да се повлекува и престанува.

Од недела, па во наредниот период ќе следува период на стабилизирање и затоплување на времето со пораст на температурите и повеќе сончеви периоди. Но условите за магла и ниска облачност остануваат во опција. Температурите ќе се движат во интервал од +9 до високи +18 С.

Подготви: Denis Muhovic

Види

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените – Но ќе растат условите и за временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани, редно е да излеземе со подолгорочна анализа на времето …