20.04.2024
Почетна / Градина / Животни / ВИДЕО: Гнездо на лилјаци под кров

ВИДЕО: Гнездо на лилјаци под кров

Следново видео се однесува на лилјаците. Сигурно немате видено толку многу, како што тоа го осетија домаќините на оваа куќа.

Лилјаците (научно: ред Chiroptera) се мали до средно големи цицачи способни за долготраен лет.

Лилјаците се среќаваат речиси насекаде на Земјата до поларните граници на дрвенестата вегетација. Тие се ретки на Арктикот, Антарктикот и на некои океански осторви.

Најбројни и најразнообразни се во тропските и суптропските области. Нивната татковина се наоѓа во тропските предели од источната полутопка, каде сè уште постојат најпримитивните претставници од фамилијата летечки кучиња, односно Pteropidae.

Лилјаците се цицачи. Постојат два подреда на лилјаци: Megachiroptera (големи лилјаци); Microchiroptera (мали лилјаци/лилјаци кои се ориентираат со ехолокација).

Големите лилјаци јадат плодови, нектар или полен, додека повеќето мали лилјаци јадат инсекти. Други може да се исхрануваат со крв, мали цицачи, риби, плодови, полен или нектар. Големите лилјаци имаат добро развиена видна кора (визуелен кортекс) и покажуваат добра видна јасност, додека малите зависат од ехолокацијата за да се ориентираат во просторот и да го најдат својот плен.

Погледнете го видеото:

Види

Кучето секој ден гледало надвор од прозорец, а причината ќе ве остави без зборови

Три пати на ден, кучето на Кејси со нетрпение гледало пред прозорецот. Најпрво, Кејси, горда …