28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Вештачките елки се штетни за животната средина! Еве зошто да набавите природна елка

Вештачките елки се штетни за животната средина! Еве зошто да набавите природна елка

Каде и да одите, се слушаат новогодишни и божиќни песни, во трговските центри, на радио или на интернет, а улиците повторно ја оживуваат магијата со светилките.Новогодишните елки имаат долга и богата традиција, но како што минува времето, луѓето наоѓаат сè понови и покреативни начини да го претстават значењето на божиќното дрво.

Обичајот за Божиќна елка е развиен во почетокот на модерна Германија со претходници од 16-от и евентуално 15-от век, кога „побожните христијани донелеукрасни дрва во своите домови“. Божиќното дрво стекна популарност и по Германија за време на втората половина на 19-от век. Одгледувачите на природните дрва тврдат дека вештачките се еколошки многу поштетни за разлика од природните.

Американската асоцијација за новогодишни дрвја, продолжува да ги побива вештачките дрва дека се поштетни за животната средина и дека содржат ПВЦ (половинил хлорид) кој се користи за вештачките елки кој има одлични рециклирачки својства. Живите дрва обично се одгледуваат како култура и повторно се засадуваат по сечењето, најчесто за овозможување на соодветно живеалиште на дивиот свет.

Вистинските дрва се јаглеро-неутрални, тие не испуштаат јаглерод диоксид по нивното отсекување. Студиите за проценка на независниот животен циклус, спроведени од страна на фирмата на екперти за одржлив развој, наведува дека природното дрво генерира 3..1 кг (6,8лб) гасови секоја година, додека вештачкото дрво произведува 48,3 кг во текот на својот живот. Некои луѓе користат живи новогодишни елки или дрва во саксија кои можат да се купат или изнајмат од локалните продавници на одгледувачи. Баш такви има и кај нас и тоа во Градинарскиот центар Фоја

 

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …