Верониката (Veronica officinalis) претставува ползечка билка која расте во повисоките шуми и ливадите.
Потекнува од семејството на (Plantaginaceae). Родот вклучува едногодишни и многугодишни тревести растенија.
Се бере во месец мај. Расте во височина од 10-20см. Има син и ситен цвет.
Ова растение наоѓа примена во медицината и тоа за стопирање на крварење на белите дробови и смирување на кашлицата. Помага против главоболка и реума. За припрема на ова лековито растение потребни се 50гр лисја и цветни врвови да се стават во 1 литар врела вода и да се држат поклопени околу половина час.