Почетна / Градина / Хортикултура / Вербена – едни од поубавите цвеќиња за балконот

Вербена – едни од поубавите цвеќиња за балконот

Вербените се едни од поубавите цвеќиња за балконот. Водат потекло од Јужна Америка. За предок се смета „Verbena peruviana“ која дава црвени тонови, „Verbena phlogifolia“ и „Verbena incisa“, со претежно розови и пурпурни нијанси. Мирисот на вербените доаѓа најмногу од „Verbena platensis“.

Боите на современите хибриди се појавуваат со густи и слични на класи соцветија. Тие се култивираат како едногодишни растенија. Меѓу многубројните видови најпогодни за балконот се преставници со височина 20-25см, кои растат нагоре, влекачи или малку висечки:

• “Лилјаково Море на бои” (виолетова тонови), 30см, висечки.

• “Новалис” (сите нијанси), 20см, исправен, компактен, расте во круг.

• “Дерби” (сите нијанси), 25см висок, расте нагоре. • “Спаркл”, 20см висок, исправен, компактен.

• “Шоутаим Бел”, понизок од 20см, влекач, виолетово-црвена боја.

Периодот на цветање е од јуни до октомври и преферираат сончеви места. Се садат на растојание 20см една од друга.

Се полеваат обилно, но не треба да се задржува водата во нив. Има слаба потреба од хранливи материи и прецутените лисја задолжително да се отстрануваат.

Може да се размножуваат со семе од февруари до април со температура на почвата од 18 до 20°С. Вербените може да се комбинираат и со растенија со сребрени листови или бои, како Сенециото или Салвијата (Salvia farinacea “Сребро”).

Види

Дојдоа раскошните хризантеми и љубичици

Со есента и првите дождови, дојдоа и раскошните Хризантеми и Љубичици кои ќе ги разубават …