10.02.2025
Почетна / Градина / Вечната убавина на снегот и придобивките од него

Вечната убавина на снегот и придобивките од него

Зошто снегот е корисен за градината и растенијата во неа? Дали цврсто и дебелата снежна покривка околу нас е многу корисна за градината?

Една од најголемите предности на снежната покривка за градината и растенијата е дека снегот функционира како одличен изолатор на почвата. Во зимските месеци снежната покривка ги штити почвата и вегетацијата од ниските температури и суровите зимски ветрови.

Без оваа покривка почвата ќе замрзне на поголема длабочина, што доведува до оштетување на кореновиот систем на дрвјата и грмушките.

Добро е да се знае дека наизменичните циклуси на смрзнување и размрзнување имаат негативен ефект врз повеќегодишните растенија, врз луковиците и врз почвено-покривните разтенија.

Без снежна покривка сите тие се изложени на ниски температури и постои опасност од замрзнување на нивниот коренов систем. Снежната покривка помага за зачувување на влажноста на почвата за време на долгите зимски месеци. Одделни објекти или градинарски елементи како патеки, летниковци, статуи, клупи и езера многу јасно се издвојуваат поради белиот пејзаж.

Фер е да се каже дека снегот има и свои недостатоци во поглед на градината како што е влажниот снег, бидејќи може да го оштети гранките на дрвјата (како на иглолисните растенија, така и на листопадните, кои не успеале да се ослободат од најголемиот дел од пожолтени лисја.

Зимзелените дрвја, претрупани со снег ја дополнуваат зимската слика и внесуваат потребна божиќна боја. Особено впечатлив е мекиот свежен снег, кој ненадејно го претвора светот околу нас во магична зимска бајка. Целата природа се преобразува, а светлината се менува. Невиноста на пејзажот делува по своја мистичен начин. Подгонени од виорот на ветерот, снегулките танцуваат и делуваат како безбројни дијаманти. Ова не е време за автомобили, кишави улици, разговори за цената на парното.

Види

Пиела сок од морков осум месеци, а докторите не можеле да поверуваат што и се случило

Авторката на голем број детски книги, родена во Висконсин 1943 година, Ен Камерон, била оперирана …