Почетна / Градина / Лек / Ве болат зглобови? Еве еден лек кој може да ви помогне

Ве болат зглобови? Еве еден лек кој може да ви помогне

Ако комбинирате листови зелка со малку оцет, болката во зглобовите, која е предизвикана од променливата температура во времето ќе престане да ве измачува.

Во случај ако имате артритис или ревматизам болката во зглобовите е неизбежна и можете да ја ублажите само со еден лист зелка.

Еве што треба да направите ако ве мачи болка во зглобовите при промена на времето: земете 2-3 листови зелка и потопете ги во вода, за да може да омекнат малку.

Потоа посипете ги листовите со малку оцет. За да ги закачите добро листовите зелка направете компресија со помош на завој, шал или парче ткаенина. Ова е можеби најлесниот начин за ублажување на болката во зглобовите познат до сега.

Потоа облогата треба да отстои 3-4 часа на заболеното место, а можете да го правите навечер пред да си легнете за спиење. Тогаш може да го оставите на заболеното место цела ноќ и дури наутро го отстранете.

Види

Посејте ароматични и зачински растенија за зимата која следи

Бидете вредни и прктични и во текот на зимата. Посејте ароматични билни во стакленикот во …