Почетна / Градина / Вести / УТРЕ И ЗАДУТРЕ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ ВО БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО

УТРЕ И ЗАДУТРЕ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ ВО БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО

 Утре и задутре (12 и 13 мај 2018 година) во вториот дел од Градскиот парк ќе се одржи петтиот Скопски цветен фестивал, што е под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“. Мотото на фестивалот годинава е „Во боите на виножитото“.

Фестивалот ќе почне на 12 мај со цветно дефиле кое ќе тргне од фонтаната „Лотосов Цвет“ во 11 часот и во него ќе учествуваат деца од предучилишните установи и од основните училишта, облечени во боите на виножитото. Децата ќе се ќе се движат по пет различни патеки во паркот, а ќе ги следат над 200 велосипедисти. Официјалното отворање на цветниот фестивал коешто е закажано за во 12 часот со свои настапи ќе го збогатат Арсихана Лучи, децата од „Златно славејче“, Диана Тахири и Драмското студио OXO.

Во текот на двата фестивалски дена посетителите на Градскиот парк ќе имаат можност да учествуваат во целодневни активности што ги нуди програмата, да погледнат различни видови цвеќиња и цветни аранжмани, да проследат шоу со магионичари, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика и да поминат пријатни мигови со своите најблиски.

Петтиот скопски цветен фестивал има за цел на едно место да ги собере сите љубители на цвеќињата и природата, уметниците, децата и учениците коишто на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот, да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, најмладите да се вклучат во работилници и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.

Оваа година на манифестацијата ќе се претстават 40-тина изложувачи-цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологијата.

Фестивалот за посетителите ќе биде отворен до 18 часот во недела (13 мај 2018 година).

 

Види

Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е зголемен за 8.2 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 2.1 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември 2018 …