Ние понекогаш можеме да бидеме екстремно сурови. Животните ни веруваат и нè сакаат, а ние им враќаме така што ги фрламе како непотребено ѓубре. За жал, токму таков бил и случајот со едно мало кученце од Бразил, кое било фрлено среде мноштво отпад, во торба.
Беспомошното животно е оставено во шумската и речиси непристапна месност, користена како буниште. Кесата во која се наоѓало, била толку цврсто пристегната што животинчето можело единствено да ја дочека својата смрт.
За среќа кученцето било пронајдена од една жена и спасено.
По прегледот од ветеринар станало јасно дека тоа е во релативно добра здравствена состојба и само неколку часа по спасувањето веќе имало и свој дом.