Почетна / Градина / Вести / УРЕДБИ СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОН ЗА ПРОИЗВОДИ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА, БИОСТИМУЛАТОРИ ЃУБРИВА И ПОДОБРУВАЧИ НА СВОЈСТВА НА ПОЧВА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

УРЕДБИ СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОН ЗА ПРОИЗВОДИ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА, БИОСТИМУЛАТОРИ ЃУБРИВА И ПОДОБРУВАЧИ НА СВОЈСТВА НА ПОЧВА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Имајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Владата предложи донесување на уредба со законска сила со цел овозможување нормално функционирање на државата и заштита на јавното здравје,  спречување на ширење на вирусот Корона (COVID 19) и производство да доволни количини на храна од примарно земјоделско производство.

МЗШВ информира дека во следниот период, за времетраење на вонредната состојба ќе се применуваат нови решенија покрај постоечките за одобрување за пуштање во промет на производи за заштита на растенија издадени врз основа на дозвола издадена од земја членка на Европската унија , за време на траење на вонредната состојба  ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила со која се овозможува на економските оператори кои увезуваат и ставаат во промет хемикалии кои се користат во земјоделство да ги ставаат во промет производите за кои претходно имаат добиено дозвола од Министерството за пласирање на пазар.

Решенијата за одобрување за пуштање во промет на производите за заштита на растенијата, биостимулатори ѓубрива и подобрувачи на својства на почва издадени врз основа на  на дозвола издадена од земја членка на Европската унија,  чиј рок на важење на дозволата е истечен  или истекува  за време на траење на вонредната состојба,   продолжуваат да важат за време на траење на  вонредната состојба како и 90 дена од престанокот на траење на  вонредната состојба.

Овие уредби со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

МЗШВ е во финална фаза на интеграција за издавање на електронски дозволи за што економските оператори потребно е да обезбедат дигитални потписи и печати за доставување на овие барање на било каков електронски носач или преку  https://uslugi.gov.mk/ за што е потребно да регистрираат профил на овој електронски портал.

Види

Кој зеленчук се сее прв – тие толерираат пониски температури

На почетокот на пролетта, веднаш штом може да се култивира почвата, првиот вид зеленчук се …