17.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Урбаните дрвја имаат ист ефект врз загадениот воздух како цела шума

Урбаните дрвја имаат ист ефект врз загадениот воздух како цела шума

Загадувањето на воздухот е проблем кој што станува се поголем. И покрај тоа што е невидлива закана, нејзините штетни ефекти се многу поголеми отколку што мислиме. Според некои истражувања, загадениот воздух предизвикува седум милиони прерани смртни случаи секоја година. Со цел да се спречат овие трагични настани, организацијата “Зелени Градски Решенија” создаде “градско дрво”, зелен ѕид направен со најмодерна технологија кој има регенеративна моќ колку цела шума.

Со својата висина од 4 метри и ширина од 3 метри, овој ѕид заменува 275 урбани дрвја. Меѓутоа, иако има неверојатна моќ, “градското дрво” всушност не е вистинско дрво, туку мов. Мовот е распространет на поголема површина од било кое друго растение што значи може да спречи повеќе загадувачи. “Градското дрво” апсорбира 250 грама прашина, нитроген диоксид и озонски гасови дневно, што значи 240 метрички тони годишно.

Како опстануваат овие “дрвја”? Благодарение на соларните панели, тие генерираат електрична енергија и собираат дождовница и на тој начин почвата впива и ја храни мовта. Ви-фи сензорите го мерат целиот процес, вклучувајќи ја и влажноста на почвата како и температурата. Во инсталацијата се вградени и сензори кои ја прикажуваат загаденоста и помагаат при одредување на квалитетот на воздухот преку кои се одредува ефектот од дрвото.

Во прилог на напорите за зачувување на животната средина, веднаш до секое “градско дрво” постои и клупа за седење. Ова им овозможува на минувачите барем за момент да се почувствуваат како да се наоѓаат во шума, а исто така може да се постави и реклама на делот од фасадата.

Конечната цел е да се инсталираат “градски дрвја” во поголемите градови низ целиот свет. Во моментов се достапни во 20 метрополи. Организацијата “Зелени Градски Решенија”најмногу е концентрирана на Индија каде што загадувањето е најголемо.

Види

Која раса на куче си ?

Која раса на куче си ти?