07.12.2023
Почетна / Градина / Вести / Убавицата Џени ужива во прошетките секое утро во Франкфурт

Убавицата Џени ужива во прошетките секое утро во Франкфурт

Убавицата Џени, може да ја забележите секое утро во Франкфурт, Германија. Таа оди иста рута, секое утро веќе 14 години. На почетокот со својот сопственик а сега и сама затоа што тој има 79 години и не може да шета. Таа ужива во прошетките и сака да ги поздрави сите познати лица на патот, и секогаш ги препознава нејзините омилени пријатели. Мештаните ја третираат како славна личност и немаат проблем да го исчистат изметот после неа. На нејзиниот оглав е прикачено ливче со натпис: „Моето име е Jenny. Јас не избегав, јас само одам на прошетка. Благодарам. “ Полицијата, често прима повици од туристи кои не се запознаени со нејзината приказна. И потоа им ја објаснува приказната на Jenny. До сега, во овие 14 години немало никакви инциденти поврзани со неа. Локален ветеринар е задолжен за нејзините рутински прегледи и тој смета дека таа е потполно здрава и сеуште може да продолжи со нејзините прошетки.

Извор Facebook: Fashionable Pets Mkd

Види

Дуњата е симбол на среќа и љубов – Таа е витаминска бомба што има многу лековити својства

Дуњата (Cydonia oblonga) е единствениот вид од родот Cydonia. Таа е дрво, високо од 4 …