Почетна / Градина / Вести / Турција: Џамија како ботаничка градина

Турција: Џамија како ботаничка градина

Зелена или Ќопрукој џамија изградена 1930. година во турската Адана, поради зеленилото кое ја опкружува потсетува на ботаничка градина

Ибрахим Ерикан- Зелена или Ќопрукој џамија изградена 1930. година во турската Адана, поради зеленилото кое ја опкружува потсетува на ботаничка градина, пишува Anadolu Agency (AA).

Турскиот град Адана може да се пофали со природни убавини, архитектура и историски знаменитости. Адана е позната и по своите џамии, а најголемо внимание на минувачите им привлекува Зелената џамија. Името го доби по тоа што нејзините sидови се покриени со зелени винова лоза.

Зелената џамија, која е отворена за молитви пред 87 години, избрана е за втора најубава џамија во овој град. Најдобро ја опишува изреката „кој еднаш ќе ја погледа оваа џамија, мора да се сврти уште еднаш и да погледне за да се увери во вистинската убавина“.

Џамијата со доаѓањето на пролетта повторно е завиена во зелена покривка така што посетителите кои доаѓаат имаат чувство да шетаат во ботаничка градина. Таа е симбол на овој турски град, а во нејзиниот двор можат да се видат различни видови цвеќе.

Директорот на Здружението за чување на џамијата 78. годишен Музафер Јелдан рече дека тој е еден од најстарите жители од овој град. Од 1995. година ова здружение води грижа за џамијата.

„Од тогаш до денеска работиме се што е во наша моќ, нашата џамија да биде што поубава”, изјави Јелдан. Потсети дека е изградена 1930. година, но дека денешниот изглед го попримила во периодот 1963-1965 година.

„Секоја година работиме на тоа да остане во зеленило. Тука имаме различни видови цвеќе, се за убавината на оваа џамија. Тоа бара секојдневна грижа. Многумина ја посетуваат џамијата. Од сите страни доаѓаат да го видат ова зелено минаре. И џематлиите тука поминуваат многу време седејќи под дрвјето на дудот во нејзиниот двор. Имаме и библиотека, тука и читаат”, појасни Јелдан.

 

Види

Шефлера

Шефлерата води потекло од Австралија. Тоа е растение со специфични листови кои имаат 5-9 листа …