Почетна / Градина / Вести / Цветовите го губат својот мирис

Цветовите го губат својот мирис

Загадувањето на воздухот го убива мирисот на цвеќе, а можеби и елиминирањето на таканаречената “патека на мирисот” која им помага на пчелите, во произведувањето на медот, веруваат научниците.

Иако е се уште премногу рано за да се утврди целосното влијание на загадувањето на воздухот на симбиотскиот однос помеѓу инсектите и цвеќето, истражувачите на Универзитетот во Вирџинија се уверени дека загадувачите ја убиваат патеката на мирисот.

Пред индустриската револуција, на патеката се осеќаше мирис од цветовите од половина километар, но денес од тоа растојание тоа не е можно изјавува Квин МекФредерик, докторски кандидат на катедрата по биологија на универзитетот и водечки автор на списанието „Atmospheric Environment“. Тој вели дека мирисот на патеката се влошува и дека би можел да ги обесхрабри инсектите во иднина, особено пчелите да земаат полен од цветовите.

Научниците знаат дека во воздухот има хемикалии како озонот, хидроксил и нитрат радикали, кои се главните компоненти на смогот и ги менуваат хемикалиите произведени од страна на цвеќињата што им дава одреден мирис. Но, не беше познато како тоа влијаеше на патеката која им помагаше да ги доведе инсектите до цвеќињата.

Мирисите кои би можеле да патуваат повеќе од еден километар во 1800та година, сега веројатно поминуваат помалку од околу 600 метри, вели Хозе Д. Фуентес, професор по животната средина на Универзитетот и ко-автор на студијата.

Види

Дали растенијата имаат мозок?

Растенијата имаат долг и необичен еволутивен пат. Копнените растенија еволуирале уште пред 450 милиони години,  …