18.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Цвеќињата се пријатели на човекот

Цвеќињата се пријатели на човекот

Освен христијанството и Будизмот е многу филозофски расположен кон цвеќињата. Хризантемата, се смета за свет цвет и симбол на Кина. Лотосот е свето растение во Кина, што ја симболизира чистотата, мудроста, плодноста и светата сила. Паганските култури изобилуваат од обоените симболи, кои во времето метаморфозата на различни верувања и култури се пренесуваат и до денес, под една или под друга форма, но се задржани и носителите на својата почетна смисла и замисла. Како за почеток паганските култови кон природата имаат посебна сила. Словените на пример биле тесно поврзани со земјата и нејзините мистерии. Тие верувале дека светот е едно големо дрво, стеблото е животот, а корените – царството на темнината и грешните.

Освен во религиозните обреди, митови и митологија, цвеќињата ќе ги најдеме и како симболи на цели држави, обичаи, професии. Едвај некој би можел да го згреши јаворовиот лист на знамето на Канада, каде што се добива и прочуениот јаворов сируп. Кинеската роза или хибискусот не е симбол на Кина, а на Хаваите. Цветот-симбол на Јужна Кореја е дрвото ружа, како симбол на бесмртната природа на земјата. Швајцарија, оваа алпска совршена дестинација, рај за сите скијачи се поврзува со еделвајсот – планински, редок цвет. Португалците ја сакаат лавандата, а Русите камилицата. Во Финска како национален симбол ја определиле нежната момина солза, а Данска и Ирска детелината. Природно во Холандија е лалето, со чии ливчиња е позната низ целиот свет, а Велика Британија ја цени белата роза.

Види

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде …