Почетна / Градина / Црнотo јаболко има вкус посладок од мед и сочност неспоредлива со било кое друго јаболко

Црнотo јаболко има вкус посладок од мед и сочност неспоредлива со било кое друго јаболко

“Црнотo јаболко” е ретко јаболко со црна боја, со вкус посладок од мед, и сочност неспоредлива со било кое друго јаболко. Нивната ексклузивност значи дека може да чини до 7 долари по јаболко што ќе го најдете само во Тибет.

Црните јаболки се сорта од јаболката Хуа Ниу. Потекнуваат од Нов Зеланд, а подоцна се засадени во Nyingchi, Тибет.

Во 2011 година, создаден е и овоштарник од околу 50 хектари во кој во наредните три години, напорно е работено за да се добие потребниот резултат – квалитетно црно јаболко. На крајот црните јаболка влегуваат на пазарот и се продаваат околу два месеца.

Но, само 30% од зрелите црни јаболки ќе достигнат строг стандард на усогласеност со боите, бидејќи сепак црната боја има нијанси на виолетова. Оттука, вкупното производство на црни јаболка е исклучително ниско.

Поради својата ексклузивност и висока цена, јаболкото не се продава така како што се очекуваше, па овоштарите затоа претпочитаат да растат други плодови кои имаат поголема побарувачка, пишува Ednnews.

Види

Рецепт го подобрува видот, ги отстранува мастите од џигерот и го чисти дебелото црево

Со стареењето успоруваат и разни телесни функции што доведува до проблеми како што се запушено …