Лесновскиот манастир се наоѓа во село Лесново, Пробиштипско. Во дворот на манстирот се наоѓа Лесновската црница која е уникатна и има стебла на сите четири страни, како крст.
Зрее и има род од 13 јули до 21 септември, односно од Петровден до Мала Богородица според зборовите на монасите од Лесновскиот манастир, кои за да го продолжат векот на црницата неколку стебла ги имаат потпрено на дрвени столбови.
Во тоа време во околината на манастирот биле посадени повеќе црници кои, според верувањето, биле донесени од Света Гора. Црницата се верува дека е стара преку 600 години.
