Почетна / Градина / Циперус (Ciperus)
Poster 01

Циперус (Ciperus)

Циперус „Ciperus“, или народно се нарекува шило или острица е растение кое е познато во целиот свет. Потекнува од јужна Европа и претставува еден од роднините на папирусот.

Бидејќи доаѓа од мочуриштата, сака вода, така што единствениот услов за опстанок е постојано да бидат влажни корените.

Може да израсне до еден метар во висина. Траба да се поставува на светло место, бидејќи на сенка полека растат.

Цветни периоди се: мај, јуни, јули и август. Не треба да се чува под 10 степени C. Потребно е да биде секогаш подалеку од извори на топлина (радијатори, печки). На фотографиите ќе забележите дека ова растение може да биде одличен декор и за вашата градина, меѓутоа само во топлите периоди.

Немојте да го одгледувате во преголеми садови, а доколку сакате да го размножите може да направите поделба на корењата или стеблата.

Доколку се решите да го чувате стебленцето дома, најпожелно е да биде поставено на светло место во сад со вода и енергетски постројки, а водата треба да променува на секој 5 дена. Од кога ќе се појават млади ливчиња, растението може да го пресадите во градината, доколку имате мало езерце, базен или фонтана.

Види

Мобилни градини на мини камиони во Јапонија (Фото)

Јапонски натпревар: Мобилни градини на мини камиони