18.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Циклама – цвеќето што го разубавува домот и канцеларијата и внесува топлина во текот на зимата

Циклама – цвеќето што го разубавува домот и канцеларијата и внесува топлина во текот на зимата

Цикламата е омилено собно цвеќе на многу љубители на растенијата, бидејќи го разубавува домот и внесува топлина уште во текот на зимата. Потеклото на цикламата е Мала Азија, и претежно се сретнува по ладните и засенчени места. Често го среќаваме и во канцелариите. Постојат околу 15 разни видови. Таа е много капризно и тешко за одгледување цвеќе. Во домашни услови трябва да се одгледува во соби со умерена температура од 12 до 15 степени. Ова растение има потреба од висока воздушна влажност и тоа над 50%.

Поставете ја покрај прозорецот , таа местоположба е идеална за цикламата.

Полевајте 1 неделно и уживајте во убавината и цветот на ова раскошно растение. Полевањето треба да е умерено и само во чинијата на саксијата. Ако се полива директно кон корените и стеблата, растението ја задржува водата и постепено почнува да гние. Активниот период на цикламата е од октомври до април, и тогаш е најдобро да се ѓубри. Може да се додаваат фосфорни ѓубриња и да се полива пообилно.

Кога растението завршува со неговото цветање, лисјата започнуваат да пожолтуваат, и потребно е да се сопре со поливањето на вода и да се премести на по ладно место и подалеку од сончевата светлина. Когато лисјата започнат да се одделуваат тогаш можете да го пресадите. Ако цвеќето го засадите пред зимата, цветовите можат да започнат да цветаат за помалку од една година.

Види

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде …