Почетна / Градина / Животни / Циклама (Cyclamen)

Циклама (Cyclamen)

Цикламата (Cyclamen) е многу популарно цвеќе кое често го среќаваме во домовите, канцелариите.

Потеклото на цикламата е Мала Азија, и претежно се сретнува по ладните и засенчени места.

Постојат околу 15 разни видови. Таа е много капризно и тешко за одгледување цвеќе. Во домашни услови трябва да се одгледува во соби со умерена температура од 12 до 15 степени. Ова растение има потреба од висока воздушна влажност и тоа над 50%.

Поливањето треба да е умерено и само во чинијата на саксијата. Ако се полива директно кон корените и стеблата, растението ја задржува водата и постепено почнува да гние. Активниот период на цикламата е од октомври до април, и тогаш е најдобро да се ѓубри. Може да се додаваат фосфорни ѓубриња и да се полива пообилно.

Кога растението завршува со неговото цветање, лисјата започнуваат да пожолтуваат, и потребно е да се сопре со поливањето на вода и да се премести на по ладно место и подалеку од сончевата светлина. Когато лисјата започнат да се одделуваат тогаш можете да го пресадите. Ако цвеќето го засадите пред зимата, цветовите можат да започнат да цветаат за помалку од една година.

Види

Зошто е корисен змискиот отров ?

Токсин во змискиот отров може да се користи за лекување на дијабетес, висок крвен притисок …