29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Цикас (Cycas revoluta)

Цикас (Cycas revoluta)

Цикасoт е едно од најубавите и најскапи растенија за големи садови и расте многу бавно. Потекнува од Југоисточна Азија и Јапонија. Иако често е ставано во групата на палмите, нема никаква врска со нив – тој е во семејство Цикасови.

Цикасот постоел милиони години пред цветните растенија. Како и иглолисните растенија, тој спаѓа во голосемени растенија. На одредена возраст, во средината на густите снопови од пере листови, се појавуваат златножолти влакнести спорофили (изменети листови).

Дебелото кратко стебло се формира само кај постарите. Cycas revolute е едно од најшироко цветните цикаси, кој се одгледува на отворено и во топло умерени и субтропични региони или под стакло во студените области. Во продавниците обично се продаваат млади растенија, некои од нив и како бонсаи.

Место: Цикасот сака полусенчесто или под сенка место, кое е заштитено од дожд. Слободно може да се одгледува на тераса или во двор во топлите месеци, но има потреба од силна светлина доколку се одгледува на затворено.

Нега: Расте најдобро во оптимална почва, измешана со песок. Неопходно е добра дренажа, бидејќи постои опасност од изгнивање. Не треба да се дозволува задржување во вода. Се ѓубри во топлите месеци во намалени дози. Може да се додаде на почвата угнилено ѓубриво.

Презимување: минималните температури под кои презимува се 12-15 степени, а во немразовитите денови е убаво да се проветрува. Наводнувањата се ретки. Младите растенија се пресадуваат на напролет, на секои две години и со зголемувањето на возраста се зголемува и периодот на пресадување. Во лето има опасност од појава на вошки, па затоа е убаво растението редовно да се проверува.

Размножување: Цикасот се размножува со семе, но тоа е доста тешко – се бара доста висока и константна температура на почвата.

Совет на градинари: Цикасот е исклучително отровно растение и за луѓето и за животните. Домашните миленичиња се во посебен ризик. Клиничките симптоми се развиваат во рамките на 12 часа и може да вклучуваат повраќање, дијареа, слабост, грчеви, дури и хепатална инсуфициенција. Токсични се сите делови на растенијата, но најголемо количество отров има во семето.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …