Почетна / Градина / Вести / Целосно е уништена кафез-замката поставена во Програмата за зачувување на балканскиот рис

Целосно е уништена кафез-замката поставена во Програмата за зачувување на балканскиот рис

Целосно е уништена кафез-замка во месноста Суви Дол, кичевско. Оваа замка беше поставена во Програмата за зачувување на балканскиот рис. Замката е целосно уништена од страна на несовесни граѓани и не е во можност повторно да се употреби за следна мониторинг сесија. Досега не сме имале вакво искуство и апелираме до граѓаните што се движат во природа дека овој тип на замки е наменет исклучиво за научно истражувачки цели и следење на популацијата на критично загрозениот балкански рис. Инаку вакви замки се поставени на повеќе локации во НП „Маврово“ и надвор од него и се од непроценлива вредност за стекнување нови сознанија за ова ретко животно, информираат од Македонски еколошко друштво.

Види

Земете парче лук, ставете го на фластер и залепете го на кожа! Еве што ќе се случи

Лукот е еден од најдобрите природни лекови кој може да се менува место класичните антибиотици. …