20.04.2024
Почетна / Градина / Трка за најубав двор во Скопје: Дали градот Скопје повторно ќе доделува награди на погрешно место?

Трка за најубав двор во Скопје: Дали градот Скопје повторно ќе доделува награди на погрешно место?

Градот Скопје во рамките на традиционалното одбележување на „Денови на пролетта – Денови на екологијата“, распиша Јавен конкурс за избор на јеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување), најубаво уреден двор (институција) и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и средните училишта.

Градот Скопје го реализира овој конкурс со цел потикнување што поголема грижа за животната средина, како и за мотивирање на учениците што повеќе да се грижат за средината во која што живеат. Но, дали оваа година наградите ќе паднат во вистински раце или повторно ќе се доделат на блиски соработници или познаници од општинската власт во категоријата најубаво уредене двор во индивудално домување? Минатата година да се потсетиме дека имаше неколку забелешки за тоа дека наградите одат во погрешни раце и таму каде што се нема инвестириано многу или пак се игра само со сезонски растенија.

Наши заклучоци се дека многу од дворовите не се натпреваруваат во оваа трка. Но и оние кои би требало да добијат не добиваат. Минатата година споредивме еден двор во Скопје во населба Водно кој не успеа победи. Победник беше двор, кој ни приближно не беше добар од тој што пристигна во редакцијата на сајтот Градина.мк.

Победникот на Двор за индивидуално домување минатата година:

Дворот кој не успеа да добие награда:

 

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …