Се подразбира дека секој обид за забрзување на метаболизмот и губењето тежина треба да биде проследен со избалансирана исхрана и умерена физичка активност…
Денес ќе ви претставиме еден начин на слабеење кој предзвикал неверојатна глобална популарност. Веројатно поради тоа што делува.
Се’ што ви треба е – зелен чај, цимет и ловоров лист.
Сите три состојки од овој напиток одлично ги согоруваат маснотиите и го забрзуваат метаболизмот.
Како да се подготви чајот за слабеење
Земете 800 мл вода, 1 стапче цимет, 1 лажица зелен чај и 3 ловорови листови.
За почеток ставете ја водата да зоврие. Тргнете го садот од ринглата и во водата додајте го стапчето цимет, трите ловорови листови и 1 рамна лажица зелен чај.
Покријте и оставете да стои 15. минути, па исцедете.
Како да се конзумира
Кога станува збор за метаболизмот, важно е да се знае дека најдобро време за негово забрзување е рано наутро, веднаш после будењето.
Една шоља од овој напиток испијте на гладен стомак. Втората шоља можете да ја испиете веднаш после појадок, а третата навечер, непосредно пред спиење. Тоа е доволно.
Три шољи од овој чај и сигурно ќе ги стопите килограмите. Првите резултати се видливи после седум дена.
Се подразбира дека секој обид за забрзување на метаболизмот и губењето тежина треба да биде проследен со избалансирана исхрана и умерена физичка активност.