22.01.2022
Почетна / Градина / Три рецепти: Како да ја излечите настинката за помалку од 24 часа

Три рецепти: Како да ја излечите настинката за помалку од 24 часа

Ќе ви претставиме само 3 од многуте рецепти во народната медицина за борба против настинката, бидејќи само тие се во состојба да се изборат за 24 часа.

Од вас сепак се очекува, штом ги почувствувате првите симптоми да реагирате секавично и да исполните некоја од нив.

Инаку, настинката ќе ве порази и ќе го почне развојот на симптомите, така што ќе ја засили кашлицата, заморот ќе стане неподнослив, а затнатиот нос ќе го попречува вашето дишење. Сето тоа можете да го спречите со само неколку лесни стапки.

Еве три поефикасни народни рецепти, кои ќе ја победат настинката само за ден:

1. Земете лажица морска сол и ставете ја во 1 литар врела вода. Откако оваа напивка се олади кон неа додајте само 10 грама витамин Ц, и сок од 1 лимон. Сите состојки се мешаат добро. Напивката можете да ја засладите со мед. Оваа напивка треба да ја испиете за период од 90 минути. Потоа, можете да си приготвите уште доза и да ја испиете после 3-4 часа.

2. Во сад од 100 милилитри, ставете вино без разлика дали е бело или црвено и загрејте го. Кон него додајте лажица мед и 1/2 мелен црн пипер. Комбинацијата на овие производи нема како да не ви помогне. Добиената напивка се зема навечер пред да си легнете да спиете, добро е да ја загреете пред да ја испиете.

3. Истурете едно шише пиво во сад и загрејте го на рингла и потоа кон него додајте 2 кафени лажички мед, малку сушено каранфилче и 1/2 лажица цимет. Пијте ја оваа напивка пред да си легнете да спиете, затоа што успешно ќе го стимулира потењето. Не заборавајте да го земате во мали голтки. Оваа комбинација ќе ви помогне да се ослободите и од кашлицата.

Види

Цистите на јајниците може да се лекуваат со растенија

Во денешно време повеќе од половина жени страдаат од цисти на јајниците. Во повеќето случаи цистите …