Почетна / Градина / Титан Арум e најголемото соцветие во светот

Титан Арум e најголемото соцветие во светот

Аморфофалус титанум или Титан Арум (Amorphophallus titanum), може да се сретне во Индонезискиот остров Суматра и делови на Филипините.

Може да достигне височина од 3 метри и достигне тежина од околу 50 килограми.

Процветувањето на овој таканаречен „леш – цвет“ е пропратено со јак, ужасен мирис кој привлекува лесно инсекти потребни во процесот на опрашување.

Името на ова неверојатно растение потекнува од грчките зборови amorphous – кој значи без форма или изобличен и phallus – кој значи пенис и titan – што значи огромно. Ова растение го претставува најголемото неразгрането соцветие во светот.

Веќе многу познати Ботанички градини го одгледуваат ова растение во светот, а за негово цветање се потребни многу години. Се смета дека ова џиновско растение цвета во просек на секои 40 години.

Извор на фотографии: Ботаничката градина на универзитетот „Беркли“ во САД.

Види

Кој е цветот на страста?!

Ако сте од љубителите на егзотичните цвеќиња, пасифлората е токму за вас. Различна и убава …