Почетна / Градина / Храна / Тиквата е меѓу најкорисната храна

Тиквата е меѓу најкорисната храна

Она што е значајно за тиквата е тоа што месниот дел од плодот е богат со витамини и минерали кои придонесуваат за зајакнување на отпорноста на телото и поголема ментална свежина и виталност.

Богата е со алфа и бета каротин што помагаат во заштита од настинки и грип, витамин Е и Ц, минерали. Таа е добар лаксатив кој ги лечи воспалителните процеси на цревата и го спречува ракот.

Семките од тиквата содржат 30% незаситени масла кои помагаат за одржување на здрави крвни садови. Исто така богати се со протеини, железо, цинк, фосфор, манган и селен.

Семките од тиква го намалуваат холестеролот. Маслото од семки на тиква ја подобрува функцијата на простатната жлезда,а се прпорачува да се користи не рафинирано, за салати. Конзервирана тиква често се препорачува од страна на ветеринарите како додаток во исхраната за кучиња и мачки, кои се соочуваат со дигестивни проблеми, така што високата содржина на влакна во месестиот дел на тиквата помага во регулирање на варењето на храната. Со сурова тиква може да се храни живината, како додаток на редовната храна во текот на зимата, помага во одржување на производството на јајца, кои обично се намалува за време на студените месеци

Рецепти: Пита од тиква Потребни состојки:

150 грама шеќер

500 грама тиква

400 грама тенки кори

100 грама путер

200 милилитри млеко

1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Тиквата се ренда и се додава шеќер, цимет, сок и кора од 1 лимон. Плехот на кој ќе треба да се пече тиквата се подмачкува со путер и во него се редат корите, секоја се попрскува со растопен путер и тоа на следниов начин: прво се става една третина од корите, па половина прелив, потоа втора третина кори, па другата половина од преливот и на крај се завршува со кори. Последната кора се посипува со малку млеко или павлака и се пече. Испечената пита се попрскува со шеќер во прав.

Види

Бадемите го намалуваат стресот

Според истражувачите, исхраната која е богата со бадеми може да го намали стресот и лошиот …