Почетна / Градина / Вести / Тие се најубавите и најкорисните птици на планетава! Колку видови бувови се застапени во Македонија?!

Тие се најубавите и најкорисните птици на планетава! Колку видови бувови се застапени во Македонија?!

Интересен е податокот дека бувовите ја вртат главата за цели 270 аглови степени, без да го помрднат телото. Оваа способност овозможува движењето на бувот да биде сведено на минимум како и да ја елиминира вревата која би ја правел додека го чека пленот. Тие се далековиди, но нејасно гледаат на неколку сантиметри пред нив. Ушите на бувот се наоѓаат позади дискот (лицето) и тие се вертикално и асиметрично поставени, со што ја зафаќаат речиси цела глава. Десниот ушен отвор е поставен нешто погоре од левиот и поради големината на главата, звукот од едното уво доаѓа во другото уво со задоцнување од неколку делови од секундата. Тоа многу помага во лоцирање на пленот и собирање информации за секој шум во околината. Бувовите имаат опсег на слушање сличен како луѓето, но со многу поточно одредени фреквенции, што им овозможува забележување и на најмалите движења на пленот . Кога бувот ќе ја одреди точната локација на пленот, лета кон последниот примен звук , ако пленот мрдне бувот семести во нова позиција за лет кон пленот.

Мочуришен був

Паперјето поставено по должина на дискот од напред и позади ушите исто така е од голема помош за насочување на звуците кон ушите. Тоа формира ѕид во кој го задржува звукот во структурата на ушите. Кај некои видови бувови изразени се ушите како пердуви на главата, но тоа се само украсни перца кои служат и за меѓусебна комуникација. Со нив бувот го покажува неговото расположение. Фацијалниот диск исто така го насочува звукот кон ушите. Формата на дискот се подесува според приликата за да го фокусира звукот попрецизно. Формата на дискот исто така го покажува расположението на бувот. Стратегијата за лов кај бувовите зависи од нивната способност да не бидат забележани и можноста за изненадување на нивниот плен. Несјајните пердуви овозможуваат „невидливост“ во одредени услови, а безшумниот лет на бувот му дава огромна предност пред пленот.


Амбарски був или кукувија (Tyto alba )

Види

Кој зеленчук се сее прв – тие толерираат пониски температури

На почетокот на пролетта, веднаш штом може да се култивира почвата, првиот вид зеленчук се …