19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Тегавец – листопаден (Plantago major L.) – За што се препорачува ова растение?

Тегавец – листопаден (Plantago major L.) – За што се препорачува ова растение?

Живовиот лек или тегавец е распространет низ целата земја. Се сретнува низ влажните тревни места, покрај патиштата, околу грмушките, по пасиштата и ливадите. Корисен дел му се листовите кои се сушат на сенка или во машина за сушење на температура до 40 ° С.

Во својот хемиски состав содржат слузни материи, горчливи материи, гликозиди, ензими, каротин, витамин Ц и К, калиум, натриумови и силициумски соли, фенолни киселини, флавон, стероидни сапонини, траги од алкалоиди и др.

Има антиинфламаторно, аналгетично, противомикробно дејство. Жиловлекот е еден од најефикасните билки за лекување на рани и особено на оние кои се секундарно контаминирани.

Силициумските соли во растението влијаат поволно при болести на сврзното ткиво. Растението ја стимулира гастричната секреција и побудува апетитот.

Се препорачува при неплодност, полова слабост, при почетен дијабетес. Надворешно се користи како свеж сок за плакнење на устата при пародонтоза. Околу 1 лажица од лисјата на растенијата се попаруваат со 400 мл врела вода. Така киснат околу 1 час. Потоа се пие по 100 мл пред јадење 3 пати на ден.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …