Почетна / Градина / Вести / Тасманскиот тигар, кој исчезна во 1936 година, се повеќе се забележува од туристи на островот (Видео)

Тасманскиот тигар, кој исчезна во 1936 година, се повеќе се забележува од туристи на островот (Видео)

Тасманскиот тигар е животно со ленти во задниот дел на своето тело за кое се смета дека исчезнало во 1936 година.

Бенјамин, последниот примерок од видот, почина во зоолошката градина на австралискиот остров Тасманија.

 Сепак, од 2016 година, сè повеќе луѓе велат дека виделе тасмански тигар на островот. Досега се примени најмалку 8 сигнали, коментира Стерн.де.

Првиот сигнал е од 2016 година, a последниот сигнал е од 15 август 2019 година. Оттогаш се шпекулира дека барем еден тасмански тигар веројатно е сè уште жив.

Очевидците се претежно туристи. Двајца од нив велат дека го виделе животното во февруари 2018 година на околу 12-15 секунди.

„Беше со лента и цврста опашка и со ленти на грбот. Беше поголема од лисица, но помал од германски овчар“, велат тие.

Види

Одгледување на орхидеи

Читајќи ги текстовите за одгледување на орхидеи во многу веб сајтови, можеме да откриеме повеќе …