05.07.2022
Почетна / Градина / Вести / Тајван произведе нова сорта ориз за стари лица

Тајван произведе нова сорта ориз за стари лица

Тајванските научници од Центарот за земјоделски истражувања, по десетгодишна напорна работа успеале да произведат нова сорта ориз кој со варење станува искучително мек и има сладок вкус, што им одговара на старите лица. На пазарот според најавите од Тајван, оваа нова сорта ориз ќе се појави на пазарот од идната година.

Како што пренесува Блиц, оваа нова сорат ориз според креаторите дава стбилни приноси и може долго време да се чува во складиштата.

Она на што обрнале големо внимание истражувачите е фактот новата сорта да им одговара на старите лица, бидејќи ппостарите од 65 години сочинуваат 10,7 проценти од тајванското општество.

Спрема критериумите на на Светската здравствена организација, за старо општество се смета она каде над 7 проценти од населението спаѓа во категоријата лица постари од 65 години.

Види

На која позиција треба да бидaт цвеќињата поставени во домот

Саксиите со цвеќе секогаш треба да бидат сместени во простории каде ќе имаат поволни услови …