Почетна / Совети / Таа е преубава, повеќето ја имаме дома, иако сокот на растението содржи стрихнин кој е многу отровен

Таа е преубава, повеќето ја имаме дома, иако сокот на растението содржи стрихнин кој е многу отровен

Додека растат се полеваат обилно со млака вода. Над 30 степени е добро да се навлажнува и по два пати на ден – наутро и навечер. Од мај до септември се ѓубри умерено еднаш – два пати неделно со ѓубриво за листо-декоративни растенија.

Добра идеја е во саксијата, каде што сме ја посадиле да присуствуваат и бршлен, спатифилиум, хлорофитум и др.

Ако забележите покафенување на крајот на листовите, тоа говори за недостаток на влага – во почвата и воздухот. Многу е важно во топлите месеци редовно да пулверизирате за сакате растението да има свеж и пријатен изглед.

Ако забележите масовно пожолтување на долните листови обезбедете повисока температура на растението. Дифенбахията не поднесува да биде изложена на промаја.

Се размножува еднаш на 2 – 3 години преку резници или зелени резници од стебло. Треба да бидат долги околу 10см, размножување преку резници со тоа што ги ставаме во сад со вода и чекаме да се појават корени. Добро е да се остават најмногу три – четири лисја.

При вкоренувањето треба да се одржува температура од околу 25-30 степени, и секојдневно да се пулверзира. Вкоренуването трае околу 5 – 6 недели.

Се препорачува да се биде многу внимателни, особено при пресадување на дифенбахијата. Сокот на растението содржи стрихнин кој е многу отровен и ја иритира кожата и слузокожата. Бидете внимателни со ова растение и кога имате мали деца!

Види

Како да изработите неверојатни минијатурни градини (Видео + Фото)

Како да изработите неверојатни минијатурни градини