14.12.2024
Почетна / Градина / Свилено дрво – „Albizia julibrissin“

Свилено дрво – „Albizia julibrissin“

Албициата (Albizia julibrissin), позната уште како “свилено дрво” е вид од родот Албициа. Ова широколисно дрво (слика 1) потекнува од југоисточна Азиjа и е широко распространета во Кина, Кореја, Иран.

Се одгледува во речиси сите држави во САД, каде е добро аклиматизирана и се користи за декоративен изглед.

Растението се нарекува често и “заспано дрво”, бидејќи приквечер лисјата му се затвораат во заспана положба.

Височина може да достигне до 12 метри. Кората му е сивозелена. Листовите се со должина меѓу 20 и 45 см и ширина 12-25 см. Боите му се многу убави, од бледорозови до црвени и служат за храна на пчелите, пеперутките и некои видови птици.

Одделни растенија можат да се видат во северните области, но таму тие страдаат од пониските температури, бидејќи албицијата може да издржи до околу -16 степени. Се одгледува лесно и може да ја видите во скоро секој двор на приморските куќи, каде што дава егзотичност.

Периодот на цветање е од крајот на јуни до септември и старите листови редовно се отстрануваат. Се размножува преку семе.

Ако имате зимска градина, може да одгледувате „Albizia lophantha“ (слика 2). Таа цвета од март до мај со кремавожолти, долги до 8см соцветија и ако зимува на светло, го задржува својот листот. Двата вида се погодни за бонсаи.

Види

5. цвеќиња кои ги сакаат северните простории

Некои цвеќиња претпочитаат светлина, но не сонце. Други се дефинитивно љубители на темните простории. Значи, …