25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Светско а наше: Скопје конечно го добива најубавиот кровен парк

Светско а наше: Скопје конечно го добива најубавиот кровен парк

Зелениот кров на ГТЦ официјално ќе биде отворен денес.

Во услови на два обида за демолирање на кровот на ГТЦ, Градот не се откажа од активностите, и конечно денес зелениот кров ќе биде отворен.

Според плановите денес ќе бидат прикажани зазеленети 1.800 квадратни метри односно просторот што гледа кон Плоштадот Македонија. Според проектот засадени се 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. На овој простор има поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафуле, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

Тука ќе бидат поставени и првите вистински зелени ѕидови на јавна површина составени од живи растенија со автоматско наводнување. Нема дехидриран мов или вештачки растенија.

За да изгледа светски за овој кровен парк се погрижија нашите Хорти Експерт МК.

Види

Потхранување на расадот

Хранењето на млади растенија со зеленило започнува веднаш по ртење на растенијата – околу 5-7 …