20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Субвенции: Поднесување барања за складирање на пченица

Субвенции: Поднесување барања за складирање на пченица

Земјоделците кои ја складираат пченицата од годинешниот род можат да поднесуваат и барања за субвенции. Рокот за доставување на документите истекува на 15-ти септермври…

Рокот за поднесување на барањата за субвенции за сите мерки завршува на 15 септември. До истиот датум теба да ги поднесат документите за складирање и земјоделците кои имаат намера подоцна да ја продаваат на пченицата, пишува МРТВ.

Субвенцијата за складирање може да ја користат евидентираните земјоделски стопанстав со пријавени површини со пченица кои ја имаат предадено на складиштење од 1 август до 1 септември 2017 година. Услов е пченицата да биде наменета за продажба а не за сопствени потреби.

Финансиската поддршка се добива за покривање на 80 проценти од трошоците за складирање во силосите.

Барањата се поднесуваат во Платежната агенција со договор за складирање, потврда колкаво количество е превземено за чување и извештај за квалитетот на пченицата.

Корисниците на финансиската поддршка до платежната Агенција треба да поднесуваат барања секој втор месец, а исплатата ќе се врши на 60 дена.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …