19.04.2024

Сцирпус

Сцирпусот потекнува од семејството Cyperaceae / Кипарисови и е исклучително популарен во последно време.

Го има доста во Европа, а веќе може да се купи и од кај нас, поточно од продавниците за цвеќе. Родот има околу 300 члена, но единствениот понуден вид е С. цернуус (S. cernuus).

Потекнува од тропските u субтропските региони на Медитеранот и има сјајни, зелени, тенки, растенија со стебла.

Достигнуваат должина 25-30 см. Бидејќи расте во вода, служи за декорација на аквариуми, но и во саксија како собно растение е многу спектакуларно, но е потребно да прима доволно влага.

Најдобро е кога саксијата се става во втор, малку поголем сад, а растојанието помеѓу двата се пополни со влажен мов или тресет.

Ако лисјата почнат да избледуваат, тоа е знак дека нема доволно светлина и растението треба да се премести на посветла место. Во лето, ако е топло, надворешните листови може да станат кафени. Во тој случај треба саксијата да ја преместите на ладно.

Се размножува така што, ќе го извадете растението од саксијата и со нож ќе расечете туфа на 2, 3 или повеќе делови. Секој дел треба да го засадите во посебна саксија.

Види

Рафлесија – најголемoто цвеќе во светот

Ова растение се нарекува Рафлесија „Rafflesia arnoldii“ и може да се најде во дождливите шуми …