Се вели: „Минатото е ризница на иднината“. Оваа изрека мошне добро објаснува што значат 80-те години на STIHL. 80 години вложени во квалитет, револуционерна техника и иновативни идеи. Цели 8 децении моторните пили и апарати STIHL ги одушевуваат корисниците ширум целиот свет.
Брендот STIHL означува највисок квалитет, сервис и поддршка. Атрибути што ја доведоа фирмата STIHL да биде светски лидер БР.1 кога се во прашање моторните пили.
Постојат модели и верзии на типови, кои се разликуваат од земја во земја. Македонскиот асортиман е оптимално прилагоден на ова поднебје, и подлежи на новитети од година во година.
Во фабриката STIHL и нивниот оддел за развој постојано се тестираат различни типови на моторни апарати, пили, коси, моторни чистачи, дупчалки, циркулари и сл. Бидејќи секој единствен тип на апарат мора да го заслужи знакот STIHL: да гарантира издржливост, ергономија, ефект, долготрајност, удобност при работа, а во поново време и сé повеќе барања за намалување на бучава, издувни гасови и вибрации. Затоа велиме дека не само што вршат големи и тешки работи, туку штиловите апарати се грижат за човекот и животната средина.
Како STIHL го гарантираат квалитетот?
Со строга контрола при производство, сите основни компоненти на апаратите ги произведуваат самим, сите нивни добавувачи се квалитетни,, а произведуваат ланци во Швајцарија, земјата на прецизноста.