01.12.2023
Почетна / Градина / Стигна есен дуњо моја: Здрави, убави со нежно лице и без брчки

Стигна есен дуњо моја: Здрави, убави со нежно лице и без брчки

Искористете го овој период од годината и „моќта“ на дуњата. Дуњите се совршено есенско овошје, кое содржи малку калории, а кое може сериозно да ви го подобри имунолошкиот систем во периодот кога царуваат настинките и грипот.

Дуњите имаат ниската калорична вредност, и токму поради тоа можат да ви помогнат да го постигнете одржувањето на здрава и посакувана телесна тежина. Ниската содржина на масти, сол и холестерол придонесуваат за ова.

Освен тоа истражувањата покажале дека дуњите може да го намалат ризикот од настинка и од грип. И при првите симптоми на грип и настинка доколку јадете дуња, драматично може да се намали времетраењето на болеста и заздравувањето.

Кога е убавината во прашање еве како да имате убави усни:

– Смесата се прави така што една лажичка семки од дуња ситно се сецкаат, се толчат, се прелeваат со две лажички превриена вода и се оставаат да стојат десетина минути. За да биде ефектот подобар терапијата е потребно да се повторува.

За лице без брчки во кое може да ви помогне дуњата како овошје прочитајте го и ова:

Земете една дуња (добро би било ако можете да ја најдете непрскана), исечете една кришка од плодот. Измијте го лицето и немојте да ја сушите кожата со крпа. На влажна кожа со помош на кришката од дуњата правете кружни движења околу 15 минути. Постоа оставете кожата да ги прими состојките и малку да мирува (околу 15-20 минути). На крај исплакнете го лицето со студена вода..

Одличен лек против брчки е и лосионот од дуња кој се приготвува од 200 г кора од дуња и 3 дл појака ракија. Смесата се остава три недели, потоа ракијата се процедува, се става во стаклено шише и херметички се затвора. Овој лосион се користи два пати дневно.

Види

Завршено хортикултурно уредување од Хорти Експерт на приватна куќа во централното скопско јадро

Враќањето на природата во градот, иако не е нова идеја, тоа е сè поголем императив …