22.01.2022
Почетна / Градина / Срамежливата мимоза е растението што се срами: Погледнете како ги собира листовите (Видео)

Срамежливата мимоза е растението што се срами: Погледнете како ги собира листовите (Видео)

Срамежливата мимоза (Mimosa pudica) е растение од родот Мимоза, семејство на Мешунките.

Неговата татковина е Бразил, но е натурализирано речиси низ целиот свет.

Во својата природна средина во субтрописките шуми на Јужна Америка достигнува над 1 м височина, но се одгледува и во саксија кој не надминува 40 см.

Карактеристично за него, и на другите претставници на родот Мимоза, е тоа што ги собира листовите кога ќе ја допрете и само за неколку минути подоцна целосно се обновува. Штом ја допрете, нејзините листови се свиткуваат навнатре, како да се срами.

Во домашни услови се одгледува релативно лесно. Бара висока влажност на воздухот и оптимална температура помеѓу 16 и 24 ° C, во зима е добро да се прибира на топло, бидејќи тешко може да издржи температури под 10 ° С.

Се наводнува обилно во лето и поретко во зима. Се користи и за лековити цели при нервни растројства и несоница.

Според некои тврдења таа е отровна ако се проголта и силата на отровот е како кај кобрата.

Погледнете го видеото на следната страна

Види

Руската билкарка Елена тврди: Три „плевели“ се дар од Бога и го лекуваат целото тело (рецепт)

Руската билкарка Елена Федоровна Зајцева тврди дека најобичниот плевел може да не спаси од бројни …