25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Спремете се за невреме: Нов циклон, со грмежи и ветер ќе ја зафати државата

Спремете се за невреме: Нов циклон, со грмежи и ветер ќе ја зафати државата

И веќе овие два дена подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на атмосферски систем со низок воздушен притисок од Медитеранот, што веќе ни придонесува да имаме облачно и во глобала врнежливо време.

Денес (среда) во Македонија како резултат на веќе присутната циклонска активност ќе преовладува променливо до наместа претежно облачно време. Наместа ќе имаме и повремени врнежи од дожд, кои за разлика од денес полокализирани сепак би биле во западните предели. Наместа локално ќе има и развој на нестабипна облачност каде врнежите би биле од пороен карактер со грмежи и засилување на ветерот. Сепак има и шанси да се појават и сончеви периоди во одредени делови на земјава.

Во четврток во најголем дел од денот како и во добар дел од земјава ќе имаме една но сепак кратка преодна стабилизација на времето каде очекуваме и подолги сончеви периоди, каде очекуваме и пораст на дневните температури. Но како што и спомнав стабилизацијата нема да биде од долг век, што значи ќе биде сосема кратка. Со самото приближување на новиот Медитерански циклон доцна попладне или вечерта очекуваме нов продор на облачна маса што ќе ни го наговести новото пореметување и промената.

Па затоа почнувајќи од петок 12/4, како и за време на предстојниот викенд треба да се спремиме за доаѓање на нов би рекол ИНТЕНЗИВЕН ЦИКЛОН, што ќе ни донесе одново период на доста променливо но и нестабилно време. А тоа подразбира дека нашето подрачје ќе биде зафатено од влажна и нестабипна воздушна маса од Средоземјето што ќе услови врнежи во поголем дел од земјава, од кои повремено ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ.

Наместа ќе имаме и развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од сега гледано не се исклучува можноста и за мошне поинтензивни атмосферски процеси па така на оние места каде што ќе се појават вакви нестабилни процеси се очекува да падне и значително количество на врнежи од (околу па и над 50 л/м2 воден талог. Судејќи според сегашните податоци засега некоја долготрајна стабилизација не е на видик во скоро време. Како и да е утре променливо време со врнежи и локални грмежи, додека во четврток ќе имаме една стабилизација која сепак ќе биде кратка, за веќе од петок па натака повторно да не зафатат врнежи, грмежи и ветер.

Подготви: Denis Muhovic

Види

Колку ветерот може да биде од корист?

Ветрот е движење на воздухот од подрачје со висок притисок кон подрачје со низок притисок. …