Почетна / Градина / Вести / Создавање тревник, дренажа и подготовка на почвата

Создавање тревник, дренажа и подготовка на почвата

Изгледот на вашиот двор најмногу зависи од вашиот тревник. Пред создавањето на тревникот најбитно е да утврдите дали на локацијата ви се наоѓа на сончево место или не.

Постојат и треви кои се од комбиниран карактер и тоа сонце – сенка. Освен ова потребно е да ја утврдите pH вредноста на почвата која има големо значење за изборот на компонентите за тревната смеса. Најчесто се користат видови кои се развиваат нормално при рН 4.5-7.5.

Исто така одредете ја влажноста на почвата и потребата од дренажа, како и наклонот на теренот и прпустливоста на почвата. Ако почвата е порозна, дренажниот систем можете да го изградите на длабочина од 70-80см и растојание помеѓу одводните цевки околу 3.0м. Кај тешки, глинести и непропустливи почви пожелно е да ја намалите длабочината на околу 60см и растојанието помеѓу одводни цевки на околу 2.0-2.5м. На цевките е потребно да ставите големи камења врз нив, на одделни делови мали и ситни на повеќе слоеви, додека се пополни каналот. На овој начин ќе извршите дренажа која е потребна за вашиот тревник.

Подготовката на почвата може да се одвива на два начина: првиот е доста поскап но е поквалитетен така што ќе го одземете горниот хумусен слој, поточно 15-20см од почвата. Можете да додадете кон таа почва и прав од ископ за дренажа. Почвата се дроби ситно и започнува одделувањето на сите остатоци, плевели, камења и слично. Потоа се додава песок и тресет, па се меша добро се додека не се добие хомогена маса. Количината на песок и тресет најмногу зависи од вашата веќе постоечка почва и нејзиниот квалитет Тој може да варира од од 20 до 80%. Во САД повеќето голф игралишта се со мешавина 20% тресет и 80% песок. Откога ќе го завршите овој процес мешавината се порамнува и се врши валирање со помош на ваљак. Вториот начин е речиси истиот со таа разлика што не се одзема горниот слој од почвата туку може околу 10% да се додаде нова почвена смеса.

Види

Кој зеленчук се сее прв – тие толерираат пониски температури

На почетокот на пролетта, веднаш штом може да се култивира почвата, првиот вид зеленчук се …