28.03.2024
Почетна / Градина / Создавање поволни услови за одгледување на цвеќе

Создавање поволни услови за одгледување на цвеќе

Високите температури предизвикуваат губење на вода, со што се смалува притисокот во клетките и растението венее. Украсните растенија може да се поделат на две поголеми групи:
растенија кои треба да се чуваат на топло (околу 18°C) и

растенија кои можат да поднесат студени простории (од околу +5°C до +8°C).

Растенијата во одредена мерка и можат да се адаптираат на малите промени на температурата, ако разликата помеѓу највисоката и најниската не е голема и ако промените не се пренагли.

Растенијата во зима треба да се заштитат од струење на студениот воздух кој влегува при проветрување, од провев и од поинтензивно разладување на просторијата ноќе. Разликите од неколку степени без проблем ја поднесуваат.

Љубителите на цвеќе важно е да знаат кои растенијата треба да се чуваат на топло, а кои можат да презимат и во незагреана просторија, но под услов температурата да не оди до точката на замрзнување.

Вода – Водата му е неопходна на секое растение. Таа претставува важен фактор во одгледувањето на цвеќињата во домот. Водата на растенијата им овозможува да ги земаат од земјата неопходните минерални материи во вид на раствори.

Растворените минерални соли во водата растението ги вшмукуваат преку коренот, се подигаат преку стеблото до лисјата, каде што се создава органска храна. Водата овозможува движење на соковите и пренесување на органските материи кои се создадаваат во лисјата во сите делови на растението.

Водата го снабдува растението и со кислород кој е неопходен за создавање на органските материи и регулирање на топлината.

Таа го условува ‘ртењето и никнувањето на семето, а понатаму овозможува раст и развој на растенијата. Растенијата кои се одгледуваат во домот обично се полеваат со вода од водоводот. Меѓутоа таа вода најчесто е тврда, поради присуство на зголемени концентрации на варовник, кој не им годи на многу растенија, како на пример, на азалеите, хортензиите, примулите и многу други. Затоа овие растенија треба да се залеваат со мека вода, а најдобро со дождовница, а ако ваква вода нема, треба да се земе отстоена вода каде варовникот веќе слегнал.

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …